Дали трговците сами ги повлекле залихите или тоа го направиле потрошувачите – Инспекторите на терен

Се уште нема потврда дали маркетите изминатиов викенд сами ги повлекле производите или рафтовите ги испразниле граѓаните, вели директорката на Државен пазарен инспекторат, откако вчера министерот за економија тврдеше дека паника за купување на производи меѓу граѓаните немало, туку дел од трговците намерно ги повлекле залихите, објави ТВ 24.

Направени се записници, земени се фактурите за залихите, допрва ќе се утврдува што се случило викендов.

„Тоа беше само перцепција која ние ја споделуваме, дали трговците сами ги повлекле залихите од рафтовите или тоа го направиле потрошувачите, во еден ден ние не можеме да ја уврдиме таа констатација.“ – изјави Анета Симоска директор на ДПИ.

Текстот во целост на: ТВ 24.