Ристовска: ВМРО ДПМНЕ блокира, од 87 закони дури 1/3 се закочени во комисија која ја води опозицијата

Пратеничката на СДСМ Лолита Ристовска во рамките на денешната собраниска седница нагласи дека опозицијата ја блокира работата на собраниските комисии.

ВМРО ДПМНЕ блокира, од 87 закони, дури 21 се блокирани во комисијата за финансирање и буџет со која раководи опозицијата, истакна Ристовска, додавајќи дека тоа се закони кои допираат до граѓаните, до компаниите.

Таа наведе дека од опозицијата поднесува закон за наставници, а уште подобар таков закон е поднесен уште во април 2021 година, кој е благодарение на опозицијата е заглавен во собраниските лавиринти, поднесува закон за пензионери, а во моментот се работи на усогласување на методологијата за покачување на пензиите.

Треба да разговараме за многу други закони кои ги заглавува опозицијата, лицемерно е говорењето од ВМРО-ДПМНЕ дека постои провидност, оваа Влада работи предвидливо, успева да се справува, да ги менаџира кризите, да одговора на граѓаните со одредени мерки, да го намали ДДВ-то на електричната енергија, да инвестира во обновливи извори на енергија, порача пратеничката на СДСМ Лолита Ристова.