Членството на Косово во НАТО е итна потреба за гарантирање на безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко, порача претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу за време на приемот на претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, кој се наоѓа во посета на Приштина.
Џафери ја повтори поддршката на Северна Македонија за евро-атлантските аспирации на Косово и нашата подготвеност за давање придонес во таа насока, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ. Република Северна Македонија, исто така, ќе продолжи со поддршката за пристапување на Република Косово кон меѓународните организации и регионалните иницијативи, рече Џафери.
извор/фото: агенции