Полициски службеници од СВР Тетово денеска (5 март) околу 15 часот и 50 минути го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Ѓ.Т., по претходно добиени сознанија дека препродавал, односно реемитувал ТВ-канали без потребната лиценца на заинтересирани поединци и им наплаќал паричен надоместок. При претрес во домот на Ѓ.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, 3 компјутерски куќишта, пиштол “ТТ” со рамка и 124 куршуми калибар 7, 62 милиметри, ловечка пушка “дамас” со 45 куршуми калибар 12 милиметри, 2 мобилни телефони….Тој е задржан во ПС Тетово и во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
Related Posts
8 години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица
Скопје денеска одбележува осум години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016,…
Средба на премиерот Ковачевски со амбасадорот Гир: Поздравени се политиките на Северна Македонија, на линија на Европската Унија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан…
Зачестени контроли на одделението за надзор и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми
Во тек се зачестени контроли на процесот на производство и превоз на дрвни сортименти во Подружниците на ЈП”Национални шуми”-Скопје, од…