Кандидат на Српската напредна странка (СНС) на престојните претседателски избори во Србија. закажани за 3 април, ќе биде лидерот на партијата, Александар Вучиќ, што тој денес и го прифати на седница на претседателството на СНС, јави диописникот на МИА од Белград.
„Донесовме одлука кандидат да биде Александар Вучиќ. Ние, како што знаете, не се двоумиме како партија, кој треба да биде наш кандидат. Сметаме дека делата го избраа тој кандидат, дека делата најдобро зборуваат и дека делата говорат за сите – рече Брнабиќ.
Како што вели, имале, не само одличен кандидат, туку и убедливо најдобар кандидат на овие избори.
„Изборите нема да бидат лесни, како и да ги свртите, особено во вакви тешки времиња. Многу сум посреќна што Александар Вучиќ ја прифати нашата кандидатура. Иако изборите нема да бидат лесни, нашата цел е да испишеме историја – рече Брнабиќ.