Кремљ: Руската воена операција ќе биде запрена ако Украина „престане да се бори“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската воена операција ќе биде запрена само доколку Украина „престане да се бори“ и ако се исполнат руските барања.

Путин се надева дека украинските преговарачи ќе заземат „поконструктивен пристап и ќе ја земат предвид реалноста“, рече портпаролот на Кремљ.

Портпаролот на Кремљ додаде дека Путин рекол дека секој обид за повлекување на преговарачкиот процес ќе пропадне.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа