Во Словенија од денеска децата и вработените во училиштата нема да носат маски

Во Словенија од денеска децата и вработените во училиштата нема да носат маски. Ова се должи на тоа што и во оваа земја епидемиолошката состојба веќе одредено време се подобрува.

Како што наведуваат медиумите, најновата мерка, одобрена од Владата минатата недела, се однесува на градинки, основни и средни училишта, како и на универзитети.

Во сите останати затворени, јавни простори, маски мора да се носат.

фото:

The Slovenia Times