Србија ќе го сопре извозот на масло, пченица, пченка и брашно од четврток, кажа претседателот на Србија Александар Вучиќ. Зборувајќи за ситуацијата со пченката и пченицата, Вучиќ кажа дека чека Русија да го забрани извозот на тие две житарки.
„Имаме предност само кај пченицата и пченката“, кажа српскиот претседател.
Додаде дека од четврток повеќе нема да има извоз на брашно од Србија, истакнувајќи дека Србија ќе има доволно за себе и за регионот.
Поради тежината на светската економска криза, Вучиќ наведе дека Европската Унија се спрема за рецесија, а Србија планирала раст од 4 отсто оваа година.
„Трета година рецесија за ЕУ. Не мислам дека е реално и нашиот раст да биде +4“, кажа тој.
„Сите се влезени во некаква светска војна, повеќе никој не размислува за своите интереси“, заклучи српскиот претседател.