Тирана утрово е „облечена“ со боите на украинското знаме во знак на солидарност од плоштадот Скендербеј до плоштадот Мајка Тереза.
Во понеделникот, Советот на Тирана гласаше за именување на улица во Тирана, „Слободна Украина“. Ова е улицата на која се наоѓаат амбасадите на Украина, Косово, Србија, но и на Русија.
Сега оваа улица е покриена со знамето на Украина, што уште еднаш ја докажува официјалната поддршка на Тирана кон украинскиот народ.
Видеото може да го погледнете на овој линк.