Арсовска во Вин Вин: Бесплатен јавен превоз ќе има!

0
337

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата Вин Вин на ТВ Телма, истакна дека бесплатен јавен превоз ќе има и ќе се реализира токму како што е предвидено во програмата.

– Бесплатен јавен превоз ќе има! Ќе се реализира програмата токму онака како што е напишано, етапно во фази, прво ќе исправиме што е погрешено, па ќе ги реализираме проектите кои се предвидени во програмата, кратко објасни Арсовска.