Земјотрес од четири степени во близина на грчкиот остров Крит

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала беше регистриран во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил југоисточно од малиот остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит.

Од земјотресот, што бил почувствуван и на Гавдос и на Крит, нема повредени, ниту е причинета материјална штета.