Констатирани 70 прекршоци кај возила кои вршат јавен превоз на ученици

0
454

Вчера при контрола на возилата што вршат јавен превоз на ученици на 148 возила низ целата земја полицијата констатирала 70 прекршоци.

За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 236 полнолетни средношколци, а извршени се 1.234 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок, соопшти МВР.

МИА