Ослободени македонските камиони кои беа запленети во Украина

0
552

Од МНР информираат дека по преземените активности камионите и стоката, кои претходно беа запленети од украинските власти, се вратени на локалните транспортери.

„Ја информираме јавноста дека по бројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката на украинските власти, камионските транспортери на граничниот пункт меѓу Украина и Полска – „Јагодине“ се вратени заедно со нивната транспортирана стока, кои претходно беа запленети од локалните власти на Украина“, се вели во известувањето на МНР.

После 12 дена чекање на украинско-полската граница возачите на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од Украина, но како пешаци и без камиони. Според сопственикот на фирмата камионите биле запленети без образложение и без никаков документ.
Украинските погранични власти на 8 март само им соoпштиле на возачите дека имаат пет минути да ги спакуваат личните работи и да ја напуштат државата, но без камионите и стоката натоварена во нив.