Мерките на СДСМ и ДУИ се задоцнети и премалку за справување, гол популизам не им е потребен на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
240

Новите мерки на власта на СДСМ и ДУИ се задоцнети и премалку за справување со кризата. На граѓаните не им треба гол популизам. Факт е дека откако СДСМ е на власт нема нови странски инвестиции, нема инвестиции во капитални проекти, оваа криминална банда на власт мисли само на тендери и партиски вработувања на грбот граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

СДСМ не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати за 50% и веднаш да се намали цената на горивата за 13 и 9 денари, туку понуди комплициран модел кои никој не го разбра и не гарантира дека ќе допринесе за намалување на цената на дериватите.

Доколку власта не водеше инает и ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и стопанството ќе беа помалку оштетени од новите поскапувања, веќе 2 недели граѓаните ќе имаа намалени акцизи од 50%, за горива, а со откажување од ДДВ за основни прехранбени продукти, и поевтини намирници.

СДСМ и ДУИ се обидуваат со доделување по 1.000 денари месечно да ги прелажат пензионерите и граѓаните.

За разлика од Македонија, каде што изминативе 4 години нема ниту една нова странска инвестиција, реализацијата на капиталните проекти е на најниско ниво, инфлацијата ќе достигне двоцифрена бројка, нашиот северен сосед, Србија изминативе години отвори нови 250 фабрики од над 3.9 милијарди евра инвестиции, а на секој полнолетен граѓанин во оваа криза им даде по 100 евра, а на пензионерите по 170 евра.

Ја повикуваме владата во најбрз можен рок да направи ребаланс на Буџет и да се откажат од сите непродуктивните трошоци. Да се откажат од луксузирањата и парите да ги пренасочат кон граѓаните и намалување на последиците од кризата.