(ВИДЕО) Италијанската полиција заплени суперјахта вредна 530 милиони евра од рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко

0
565

Италијанската полиција заплени суперјахта на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко, соопшти денеска кабинетот на премиерот, неколку дена откако Мелниченко беше вклучен во списокот на санкции на ЕУ воведени поради руската инвазија на Украина.

Станува збор за една од најголемите јахти во светот, според нејзиниот производител „Нобискруг“.

ЕУ го санкционираше Мелниченко на 9 март како дел од продолжените санкции против руските олигарси, а сега му е конфискуван луксузниот брод. Според ЕУ, тој е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива EuroChem Group и на компанијата за јаглен СУЕК.

Јахтата е долга 150 метри, запловила во 2008 година, а се проценува на 530 милиони евра.

На социјалните мрежи се појави и видео од Трст на кое се гледа моментот кога јахтата била запленета.