(ВИДЕО) На седиште во трамвај во Сараево пронајдена бомба

0
250

Експлозивна направа е пронајдена во трамвај во сараевската населба Ченгиќ Вила, потврдија од МВР на кантонот Сараево, пишува Кликс.ба.

Диспечерот на ГРАС околу 13 часот повикал полиција откако во празен трамвај, кај свртницата била забележана рачна бомба.

Засега не се знае кој ја оставил оваа направа, а полицијата веќе интензивно работи на расветлување на овој случај и пронаоѓање на сторителот.