Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети болницата во Киев, каде го поддржа персоналот што се грижи за пациентите и ранетите украински војници.
„Во посета на нашите ранети борци. Момци закрепнете брзо. Верувам дека најдобриот подарок за вашата жртва ќе биде нашата победа“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подолијак изјави во неделата дека мисли дека ќе „постигне конкретни резултати“ во преговорите со Русите во следните неколку дена.