Која земја има највизока, а која најниска цена на горивата, каде е Македонија?

0
577

Просечната малопродажна цена во регионот на бензинот БМБ 95, од 28 февруари до 6 март, изнесува 1,49 евра за литар, пишува bizportal.rs.

Покрај Грција, цена со 1,94 евра, највисока цена на бензинот е Албанија 1,62 евра, потоа Хрватска 1,57 евра, Црна Гора 1,54 евра, Романија 1,5 евра, Србија 1,45 евра, Словенија 1, 45 евра и Бугарија 1,39 евра,  Македонија 1,36 евра, БиХ 1,3 евра и Унгарија 1,22 евра.

Кога станува збор за дизелот, просечната цена во регионот била 1,44 евра. По Грција, која има цена од 1,68 евра за литар дизел, следи Албанија 1,61 евро, Хрватска 1,54 евра, Србија 1,52 евра, Романија 1,48 евра, Словенија 1,47 евра, Црна Гора 1,43 евра, Бугарија 1,37 евра, БиХ 1,29 евра, Македонија 1,22 и Унгарија 1,22 евра.

извор:  bizportal.rs.