Од 100 скривници во Скопје, функционираат само 4 – просторот граѓаните го користат за одгледување печурки

0
720

Од 100 скривници во Скопје, функционираат само 4, објави Телма. Некои се користат како магацини, а некои и за одгледување на печурки.

– Има ќебиња, чизми, функционално е ротационото светло, има скривници низ цела Македонија. Една скривница може да прими 1.000 души, изјави магационерот од Управата за заштита и спасување.

Од дирекцијата одговориле дека во изминатиот период се реновирани скривници во Аеродром, Велес и Гази Баба.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, пак смета дека Македонија нема никогаш да биде нападната.

„Телма“ информира дека дури и на интернет страниците имало понуди за продажба на простор од скривници по 3 евра од квадрат.

извор: Телма.