(ФОТО) „Макпетрол“ најуспешен со 14 медали на државното карате првенство

Со освоени 14 медали, од кои што пет златни, пет сребрени и четири бронзени, карате клубот „Макпетрол“ беше убедливо најуспешен на државниот шампионат за сениори што викендов се одржа во Скопје.

Кај жените, во борби, шампиони станаа Марија Петровска (-50 килограми), Марија Милевска (-55 кг.), Вероника Костовска (-61 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.) и Румена Балшевска-Беговиќ (+68 кг.). Во машка конкуренција државни прваци се Фахик Весели (-60 кг.), Емил Павлов (-67 кг.), Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.) и Берат Јакупи (+84 кг.) Кај мажите, во борби во екипна категорија, шампион е „Макпетрол“.

Членови на скопскиот клуб кои што освоија сребро се Сара Радичевска (-50 кг.), Моника Пендаровска (-61 кг.), Викторија Јовановска (-68 кг.), Давид Петков (-67 кг.), како и женскиот тим, кој ја освои втората позиција. Со бронзени медали, пак, се закитија Симона Заборска (-55 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Глигор Петков (+84 кг.).

Тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Бошко Заборски изјави:

– На првенството имаше многу интересни борби, неизвесност постоеше во секоја категорија. Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Имаме пет златни медали, но и пет сребрени што лесно можеа да бидат и златни признанија. За обележување се настапите на капитенот Петар Заборски кој во категоријата под 75 килограми ги совлада сите конкуренти и заслужено го освои првото место. Петар Спасеновски доминира во полутешка категорија и рутинирано и сигурно ги совлада сите противници. На ист начин се истакна и најдобрата македонска каратистка Ангела Мојсовска која во категоријата под 68 килограми сите борби ги победи со голема бодовна разлика.