Заев во кое својство оствари средба со бугарскиот премиер Петков во Истанбул?
Што договараше зад затворени врати со оглед на тоа дека Владата на Македонија го држи целиот процес зад затворени врати, прашуваат преку соопштение од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Дали премиерот во сенка Заев, се сретна со Петков, затоа што пиунот Ковачевски не си ја врши добро работата?
Да потсетиме дека Ковачевски одбива национално единство во Македонија однос на прашањето со Бугарија, и се уште нема став за тоа дали ќе побара писмени гаранции за историјата, јазикот и идентитетот на Македонија.