(ФОТО) Роверот Curiosity сними „камен цвет“ на Марс

Роверот „Curiosity“ снимил фасцинантен „камен цвет“ на површината на Марс кон крајот на февруари. Иако наликува на ситен цвет или органска креација, експертите велат дека се работи за минерална формација која потекнува од далечното минато на Марс.

Ровер и претходно се среќавал со такви структури – дијагенетски кристални групи. Геофизичарката Абигејл Фрејман, која работи на проектот „Curiosity“, напиша на Твитер дека претходно пронајдените формации се составени од сулфати.

Карпи слични на карфиол

Во 2013 година, „Curiosity“ нашла друга структура слична на цвет на Марс, а роверот „Spirit“ пронашол карпи со сличен изглед, кои ги наркле – карфиол, поради нивните нерамни испакнатини.

„Роверот ја фотографираше оваа формација на 24 февруари 2022 година. „Цветот“ и сферичните камени објекти што се гледаат десно се формирани во древното минато на Марс, кога минералите што ги носела водата влијаеле на обликот на карпите“, соопшти НАСА.