Воени вежби на НАТО сојузниците во Норвешка

НАТО започна големи воени вежби во Норвешка во кои учествуваат над 30 илјади војници од земјите членки и партнерите на Алијансата, додека ескалираат тензиите меѓу Западот и Русија по московската инвазија врз Украина.

„Студен одговор 2022“ е воена вежба која беше планирана долго пред инвазијата на Москва врз Украина и има за цел да тестира како Норвешка ќе се справи со помош на сојузниците на нејзина територија, доколку треба да се активира членот 5 од повелбата на НАТО, со кој се бара помош од земјите членки на Алијансата во ситуација кога една од нив е нападната.

„Тоа е одбранбена вежба. Тоа не е воена операција со офанзивна цел “, изјави генералот Ингве Одло, одговорен за воената вежба.

Тоа се воени вежби кои се организираат на секои две години. Во нив се опфатени поморските, воздушните и копнените вежби кои се одржуваат на огромни делови од територијата на Норвешка, вклучително и над Арктичкиот круг. Но, тие сепак се оддржуваат на неколку стотици километри подалеку од границата на Норвешка со Русија.

„Секое градење на воените капацитети на НАТО во близина на границите на Русија не помага да се зајакне безбедноста во регионот“, изјави за новинската агеницја Франс Прес руската амбасада во Норвешка.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа