Пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, разговорите продолжуваат утре

0
489

Денешната четврта рунда разговори меѓу Украина и Русија е прекината и разговорите ќе продолжат утре, 15 март, рече еден од преговарачите за Украина. Двете страни преговараат за да се најде начин да се стави крај на инвазијата на Москва.

Михајло Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека паузата е дадена за да се овозможи дополнителна работа во работните подгрупи и да се разјаснат поединечните дефиниции.

Подолјак пред разговорите рече дека очекува „тешка дискусија“ за постигнување прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции.

Денешната четврта рудна преговори се одвиваше преку видео врска, за разлика од претходните три состаноци кои беа во живо. Четвртата рунда се одвиваше во време додека Русија ги засилува нападите ширум Украина.

Рускиот делегат на разговорите, Леонид Слуцки, пред почетокот на денешната рунда за РИА Новости изјавил дека претходните разговори постигнале значителен напредок и дека е можно делегациите наскоро да постигнат нацрт-договори.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа