ВМРО ДПМНЕ: 6.7% инфлација и намалена економска активност, со Ковачевски државата е во стагфлација

0
423

6.7% инфлација и намалена економска активност, со Ковачевски државата е во стагфлација. Во јануари стапката на инфлација изнесува 6.7%. Во изминативе година и половина цените на горивата се зголемени за скоро 100%. Додека цените на основните намирници како брашно, зејтин, леб итн. и до 70%. И додека цените растат, платите и пензиите не се зголемуваат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Ковачевски и СДСМ одбија да се зголемат пензиите за 20% веднаш, и наместо тоа предлагаат покачување од 5.5% од септември.

Ковачевски е против зголемување на платите во јавниот сектор, а нема никаква помош нити за стопанството.

Наместо 50% намалување на акцизата за горивата, владата ја намалува за само 30%.

Нема мерка, проект или политика на владата која вродува со плод, затоа што сите мерки се задоцнети, а инфлацијата ги јаде платите.