Народна банка во засилени контроли нa менувачниците

Во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која посочи дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Изјавата доаѓа по најавите за шпекулативно однесување на одредени менувачници.

Ова однесување, додаде гувернерката, може да се санкционира и со одземање на дозволата за работа.

„Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар, поради нечии лични интереси и неодговорно однесување. Девизи на пазарот има. Девизните резерви се стабилни и високи и изнесуваат 3,5 милијарди евра. Банките имаат и свои девизи, и вршат менувачка работа. Впрочем секој граѓанин кој сака, може да купи колку сака девизи и во банките“, вели Ангеловска-Бежоска.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа