Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до западните лидери претпладнево повика на поголема поддршка и предупреди дека Русија би можела да ги таргетира и другите делови на Европа.
„Сè уште можеме да ја запреме руската воена машинерија, сè уште можеме да го запреме убивањето луѓе“, рече тој, тврдејќи дека би било „полесно тоа да го направиме заедно“.
„Затоа што во спротивно ќе дојдат кај вас“, рече Зеленски.
Украинскиот лидер посочи дека ако Европа сега не заземе став, Русија ќе ги таргетира другите европски земји.
„Сите ние сме цел на Русија…помогнете си со тоа што нас ќе ни помогнете“, побара тој.
извор/фото: Радио Слободна Европа