Кој од каде и колку може да скрати – пресметки на министерствата: Ќе се кратат капиталните расходи за да има средства за зголемени плати, пензии, но и ваучери

0
615

Кој од каде и колку може да скрати, во тек се пресметки на министерствата, агенциите, институциите – се крои ребаланс на Буџетот. Поради војната во Украина очекувано е проекциите да се корегираат вели министерот за финасии Фатмир Бесими во Анализа на ТВ24.

Ќе се кратат капиталните расходи за да има средства за зголемени плати, пензии, но и ваучери, еднократна помош, нешто што е предвидено во владиниот сет мерки.

„Зборуваме за енргетска и ценовна криза. И ова е година на значителна, енормна криза. И доколку ние тоа не го прилагодиме на и не го прикажеме на нашиот Буџет, мислам дека другото може да опстане само, бројки кои реално нема да може да се реализираат. Затоа и ние ги правиме овие консултации и овие ревидирања на Буџетот на тоа што реално ќе се случи.“ – Фатмир Бесими – министер за финансии.

Готови се подготовките и за планираното задолжување – не се исклучува можноста земјава годинава преку еврообврзница да земе заем од 600 милиони евра. Се чека погоден момент и пониски каматни стапки.

Текстот во целост на: ТВ24.