Донесена програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството

0
353

На денешната седница Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја донесе Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството.

Буџетските средства за оваа програма во висина од 250.000.000 денари се предвидени во буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и се наменети за интервентни мерки за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последици предизвикани од зголемувањето на производните трошоци за производство на земјоделски култури во поледелското производство и за поддршка за сточарството.