(ФОТО) Мени во ресторанот на Владата: Бифтек 180, телешко печење 160, тавче-гравче 45 денари…

0
681

На социјалните мрежи се појави фотографија од менито во Владата. Документот кој е потпишан од Службата за општи и заеднички работи го дава менито за 15 март во кој се нудат неверојатно ниски цени за храна во кој можат да уживаат вработените во владата.

Па така сланина на скара чини 85 денари, бифтек 185, стек стотка, свинско со праз 170, тиквици 120, телешко 160 а тавче-гравче само 45.

На менито кое се споделува на социјалните мрежи има и понуда од благо, па баклавата чини 50 денари, штрудла со иста цена, а бисквит торта за 30.

Погледнете го целото мени