Карлеуша стана хит меме кај македонските и регионалните твитерџии

Македонските и регионални твитерџии со хит шеги на сметка на Јелена Карлеуша, која направи сè што е во нејзина моќ за да му го привлече вниманието на Канје Вест, откако ја заследи на Инстаграм. Тие се креативни на темата „Што би направила Јелена Карлеуша ако ја заследи…“, па се редат Адријана Алачки, Марјана Станојковска, Венко Филипче, Бора Ѓорѓевиќ од Рибља Чорба, Измамникот од Тиндер…

Јелена Карлеуша е една од најактуелните регионални ѕвезди на Инстаграм и на нејзиниот профил има повеќе од 2.4 милиони следбеници. Деновиве таа се пофали дека ја заследил раперот Канје Вест.

По заследувањето од страна на поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, Јелена изгледа како да прави сè што е во нејзина моќ за да му го привлече вниманието на Канје.