На денешната прес конференција на комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека се укинува задолжителното носење маски за учениците, но не и за наставниците.
„Ги ослободуваме од обврската да носат маски учениците во основно образование, но ова нема да важи за наставниците и техничкиот персонал“, вели претседателот на Комисијата, доктор Александар Петличковски, кој признава дека имало дискусија на оваа тема помеѓу членовите на Комисијата но сепак конечната одлука била донесена со мнозинство.
Од Комисијата велат дека внимателно ќе ги следат сите параметри околу епидемиолошката состојба во училиштата.
„Доколку има било какво влошување на епидемиолошката состојба или зголемување на епидемиолошкиот ризик тогаш може повтрно да се вратат на сила истите мерки кои што беа и претходно. Но, на ваков начин на постепено олеснување на согласно епидемиолошкиот ризик, сметаме дека можеме да на некој начин не се доведеме во ситуација како во Германија, Австрија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, вели портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ.
-Сепак, д-р Петличковски и д-р Мехмедовиќ потенцираат дека за учениците останува изборот за носење на маска.