(ФОТО ТВ 21) Премиерот со ставив на рамо пешачеше со новинарите – во знак на извинување

0
459

Новинарите и снимателите денеска, при посетата на поранешната фабрика „Охис“, беа оставени пешки да одат до местото каде се одржуваа изјави за медиумите, додека пак владините службеници тоа го направија со своите автомобили, објави Тв 21.

Премиерот Димитар Ковачевски се извини за грешката и порача дека ќе провери зошто е тоа така. Во знак на извинување премиерот им се придружи на новинарите и снимателите во пешачењето, и им помогна со носење на статив.

извор и фото: Тв 21