Москва: Најголемиот руски Аеродром „Шереметјево“ ги затвора терминалите

0
270

Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва, инаку најголемиот руски аеродром, привремено затвори некои од своите терминали и ги запре инвестициските проекти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на аеродромот наведено е дека терминалите Е и Д привремено се затворени поради намалениот патнички сообраќај што го предизвикаа санкциите. Истакнато е и дека е затворена и третата писта на аеродромот.

„Преземените мерки ќе важат до враќањето на обемот на патничкиот сообраќај“, се вели во соопштението.

Европската Унија и Соединетите Американски Држави одлучија да го затворат воздушниот простор за руските авиони, а Русија, исто така, спроведе слична одлука поради санкциите. Некои воздушни и туристички компании во Русија ги запреа своите меѓународни летови поради опасноста од заплена на руски авиони од страна на западни компании.

извор: Агенција Анадолија (АА).