Дизелот поевтинува за шест, бензините за пет денари

Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,95% во однос на одлуката од 15.03.2022 година, стои во одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денар/килограм и сега ќе изнесува 56,749 ден/кг.

Од 17.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,749 (денари/килограм)