(ВИДЕО) Киднапираниот градоначалник на Мелитопол е ослободен, тврди Украина

Градоначалникот на Мелитопол, во јужна Украина, кој бил киднапиран од Русите на 11 март, денеска е ослободен, соопштија украинските власти.

Во видеото објавено на Телеграм, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговара со него по телефон и вели дека е „среќен што слуша глас на жив човек“.

„Многу сум подобро. Ви благодарам што не ме оставивте. Ми требаат ден-два да се опоравам, а потоа чекам ваша наредба да придонесам за нашата победа“, одговорил градоначалникот Иван Федоров. Тој беше уапсен додека бил во кризниот штаб во родниот град, каде се занимавал со проблемите со снабдување.