Русковска си останува со истиот тим, не се избрани нови обвинители

Советот на јавните обвинители денеска не избра нови обвинители за Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во обвинителството каде што шефица е Вилма Русковска остануваат старо-новите обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, а мандатот им заврши минатиот месец. Станува збор за обвинителите Марија Ѓорѓева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу – Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа-Кузмановска кои добија нов мандат од четири години, објави Слободен печат.

Други обвинители кои конкурираа, ни не добија мнозинство гласови се: Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Арсим Адеми. Конкурираше и обвинителката Имран Османи, но таа добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради што ме ги исполнуваше условите.

Текстот во целост на: Слободен печат.

фото: Слободен печат.