Три маркети на ист ланец добија вкупна казна од речиси 16.000 евра – наместо маслото на полица го криеле во магацин

Три маркети од ист синџир добија казна од 12.000 евра за фирмата и 3.600 евра за одговорното лице од Пазарната инспекција, откако зејтинот го тргнаа од полиците, односно го даваа само ако купувачите направат сметка над 800 денари, иако го имале на залиха, објави Плусинфо.мк.

Ова доаѓа по објавите во медиумите, каде вработените ја спроведуваа оваа одлука на раководството. Директорката на ДПИ, Анета Симеска-Димоска кажа дека ова е нечесно пазарно однесување.

– Кај еден субјект имаме прекршочни платни налози за нечесно пазарно однесување – имаше масло во магацин, а не на рафт. Има и прекршочни платни налози каде по Закон за заштита на потрошувачи кој се однесува на условување на купување на едни производи или други производи, што е казниво. Казната е 4.000 евра за правното и 1.200 евра за одговорното лице. Станува збор за еден троговец кој има повеќе маркети, утврдено е во неколку градови – кажа директорката Симеска-Димоска како резултат од инспекцискиот надзор.

извор: Плусинфо.мк

Фото:

Конкуренција.мк