Пендаровски го помилува Алими, за кој Села тврдеше дека му го спасил животот

0
296

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за помилување на осудени лица, а на листата се наоѓа и името на Абдуљфета Алими, членот на собраниското обезбедување кој беше осуден за настаните од 27 април, за кого, пак, лидерот на Алијанса за Албанците тврдеше дека му го спасил животот, објави 360 степени.

На листата која Пендаровски ја потпишал вчера, а денеска е објавена во Службен весник, има уште четири други лица.

Потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор лицето Александар Петровски. Делумно се ослободуваат од издржување казна затвор лицата Абдуљфета Алими (во траење од 8 месеци), Неџмедин Матоши (4 месеци) Димитар Мишков (3 месеци) и Џафер Небија (5 месеци).