Снаа истепала свекрва во демиркаписко

0
375

Демиркапијка пријавила напад од снаата, кривична пријава добиле двајца кавадарчани за девет тешки кражби. За ова денеска информираа од СВР Велес.

Вчера во СВР Велес, 71-годишна жена од демиркаписко село, пријавила дека, по кратка вербална расправија, била физички нападната од нејзината снаа. Се работи на расчистување на случајот.

– ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против кавадарчани на возраст од 31 и 26 години, поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешки кражби“. Пријавените во периодот од 27 февруари до први март, користејќи погоден алат, отварале каси на кафемати, самоуслужни автоперални и одземале пари во различни апоени.

фото: илустрација