Мајка на две деца по роденденска забава каде испила повеќе нарачала такси да ја оденесе во Украина „да помогне“, сега ѝ е мило што немала доволно пари на сметката

0
390

Мајката на две деца од Велика Британија тврди дека по роденденска забава откако се напила малку повеќе нарачала такси за Украина, а единственото нешто што ја спасило од  глем трошок е што немала доволно пари на сметката – иако возачот на „Убер“ девет пати се обидел да подигне пари.

Леони Филдес (34) во саботата вечерта излегла да го прослави роденденот на својата пријателка, на кој почнале да зборуваат за војната во Украина, а дебатата набрзо излегла од контрола.

За британските медиуми таа споделила дека веќе испила неколку дупли џинови и самбука, па решила да повика такси и да оди „да им помогне на Украинците“. Цената на превозот до Украина била проценета на 4.578 фунти, но убер-апликацијата веднаш сигнализирала дека нема доволно пари на сметката.

Леони тврди дека „едвај се сеќава“ на својата луда идеја, но на нејзината ризична грешка се потсетила кога ја разбудил повик од банката од каде ѝ кажале дека некој дури девет пати се обидел да подигне пари од нејзината сметка.

Леони вели дека сега ѝ е мило што немала доволно пари на нејзината сметка.

Следниот ден не се сеќавав што направив. Ме разбуди повик од банката, ми рекоа дека мислат дека картичката ми е украдена и дека „Убер“ девет пати се обидел да ми ги повлече парите. Потоа малку ми се врати сеќавањето. Им кажав дека мислам дека тоа сум јас и им се извинив. Се сетив дека баравме да земеме удобен автомобил, најголемиот автомобил што го имаат, зошто патот е долг, изјави Леони и додаде дека не знае што би направила доколку имала доволно пари на сметката.

Додала и дека час и половина подоцна не можела да добие никакво такси за да ја однесе дома.

„Убер“ соопшти дека го истражува случајот.