Кузеска: Мицкоски треба да даде оставка по признанијата во случајот ,,Титаник“

За прашањето по однос на слулчајот „Рекет“, сакам да кажам дека станува збор за судски предмет, јавноста знае дека се очекува и судска одлука и не би сакала да го коментирам токму тој дел, Истакна портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, она што можеме да кажеме е дека ВМРО-ДПМНЕ додека се занимава со паушални обвинувања, конечно, нека излезат и нека побараат оставка од Христијан Мицкоски и од сите други осудени и обвинети во судски предмети, а најголем доказ е случајот „Титаник“ каде има обвинети, поранешни и сегашни функционери како и осудени за тоа како 11 години ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификувале волјата на граѓаните и сите тие години вештачки се одржувале на власт.

Христијан Мицкоски во тоа време беше советник на Никола Груевски и негов Генерален Секретар во ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е она што треба да го одговори ВМРО-ДПМНЕ и со што треба да се занимава.