Во рускиот град Јарослав денеска во попладневните часови се урна зграда при што едно лице загина, а десет се хоспитализирани.
Според регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации на Русија, се урнал таванот меѓу подрумот и првиот кат, а во моментот на инцидентот зградата била во фаза на реновирање и празна.
„При ревизијата ќе се направи оценка за исполнувањето на барањата од законските прописи за безбедност на градежништвото, како и за безбедноста на животот и здравјето на граѓаните.
ТАСС наведува дека добро информиран извор од итната помош изјавил дека прекршувањето на безбедносните прописи најверојатно довело до уривање на зградата.