Во јануари пензиите се зголемија за 2,9 проценти, а во септември ќе има ново зголемување, согласно законските измени со кои се враќа старата методологија според која усогласувањето на пензиите се врши со растот на просечната плата и со трошоците за живот (50 отсто со платите и 50 отсто со инфалцијата).
Растот на пензиите повторно го актуелизира прашањето за одржливоста на пензинскиот фонд. Добрата вест е што во Буџетот за 2022 година е пресметано дека ќе требаат многу помалку пари да се префрлат од централната каса, отколку што тоа било во 2021 година. Имено, годинава се проценува дека „пензискста дупка“ , односно износот за пензии што не може да се покрие со сегашните издвојувања на пензиските придонеси е 491 милиони евра, додека минатата година износот што се покрил од државната каса бил за 30 милиони евра, или 521 милион евра.
Дел од економистите, веќе подолг период укажуваат на тоа дека ќе дојде време кога трансферите ќе почнат да се намалуваат.
– Податоците од 2005 година покажуваат дека разликата меѓу нови пензионери и починати е некаде околу 20.000. Во 2021 година таа разлика е само 2.800. Независно од короната, старосната структура на населението е таква што интензитетот на морталитетот кај таа група ќе биде се посилен и тоа е нормален процес. Некаде во 2030 година Фондот за ПИОМ ќе биде самостоен и тогаш ќе треба да се размислува за поголемо префрлање на пари во втриот столб – изјави професорот Мирољуб Шукаров.
Порталот „Пари“ ги анализираше трансферите од Буџетот во Фондот за ПИОМ, што се извршија во последните 10 година. Притоа, се земени во предвид износите со рабалансираните буџети. Токму трансфреите кон Фондот за ПИОМ често беа ставка во ребалансите, при што некогаш износите се зголемуваа, а некогаш се намалуваа.
Податоците покажуват дека од 2012 година до 2021 година, со исклучок на 2019 година, постојано се зголемувал апсолутниот износ што се префрлал за да може нормално да се исплатат пензиите. Планирениот износ во 2022 година е за 71 поцент поголем од трансферот во 2012 година. Вкупниот износ на прите што државата ги префрлила во Фондот на ПИОМ во последните 10 години е 4,2 милијарди евра!
Она што може да се забележи од анализата на податоците е дека низ годините, не само во апсолутен износ, туки и во релативен – како процент, се зголемувал трансферот на парите од централниот буџет кон Буџетот на фондот за ПИОМ. Но, интересно е што за годинава, тој процент е речиси ист како и пред 10 години кога во далечната 2012 година изнесувал 12 отсто, а сега е 12,6 отсто од државната каса, што дава надеж дека сме во насока на намаување на трансферите за буџетскиот дефицит.
Во Буџетот за 2022 година пишува дека појдовните податоци за планирањето на финансиите на Фондот за ПИОМ се проценките за бројот на пензионери. Притоа, креаторите на државната каса се воделе од бројка од 330.211 пенизионери во 2021 година и 338.359 пензионери во 2022 година. За минатата година се смета дека се изготвени 30.325 решенија за пензија, а дека оваа година ќе се изготват 33.500 решенија.
Имплементација на комбинираниот систем од три столбови започна со функционирањето на вториот столб на 01.01.2006 година. Согласно постојната законска регулатива, сите осигуреници кои прв пат се вработиле после 1 јануари 2003 година се задолжителни членови во втор пензиски столб, додека осигурениците кои биле вработени пред 1 јануари 2003 година имаа право на избор на зачленување во втор столб.
Пред пензиската реформа, во 2005 година, од државната каса за пензиите биле префрлеми 135 милиони евра. Тогаш расходната страна на буџетот изнесувала 1,6 милијарди евра, односно трансферот бил 8,4 проценти.
извор: pari.com.mk