56-годишна жена во Гана роди близнаци

Викторија Адоргу, 56-годишна жена, роди близнаци во Акра, главниот град на Гана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на локалните медиуми, Адогру, која долги години сакала да има деца, станала мајка и покрај нејзината возраст.

Во изјавата по породувањето, Адоргу нагласи дека никогаш не се откажала од надежта дека ќе има дете.

„Долги години ме исмејуваа и ме караа што немам дете, но денес имам деца кои ќе ме викаат ‘мамо‘. Му благодарам на Бога“, рече таа.

Адоргу им ги дала на децата имињата „Miracle“ и „Miraculousness“, што значат „чудо“ и „чудотворство“.

Се наведува дека здравствената состојба на мајката и на бебињата родени со метод на ин витро оплодување е добра.

извор: Агенција Анадолија (АА).