Се очекува пресуда за Навални во судскиот процес за корупција

Денеска се очекува да биде донесена пресуда во слујаот за корупција на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Руските обвинители бараат затворениот критичар на Кремљ да одлежи 13 години затвор поради нови обвиненија за измама. Навални, најгласниот домашен критичар на претседателот Путин, беше затворен во минатата година откако преживеа напад со отров за кој го обвинува Кремљ. Тој сега се соочува со проневера и непочитување на судските обвиненија и му се суди во затворската колонија надвор од Москва, каде што веќе отслужува казна од 2,5 години. „Барам Навални да биде осуден на 13 години, а потоа две години условна затворска казна“, рече обвинителката Надежда Тихонова, цитирана од руските новински агенции.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа