Зеленски- Украина е на работ на опстанок

0
262

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека неговата земја е на „работ на опстанок“ бидејќи руските сили продолжуваат да ги гранатираат клучните инфраструктурни и цивилни цели повеќе од четири недели по започнувањето на неиспровоцираната инвазија врз Украина. Зеленски во говорот кој го одржа преку видео линк пред италијанските пратеници изјави дека Украина никогаш не би можела да се откаже од стратешкото пристаниште или од други градови, вклучувајќи ги Харков и Киев.

„За руските војници, Украина е портата на Европа, каде што сакаат да упаднат, но не смее да се дозволи варварството да помине“, им порача тој на италијанските пратеници во обраќањето преку видео врска.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа