(ВИДЕО) Куќа се распаѓа на Струшкото шеталиште, паѓаат греди – истата е опасност за минувачите

Стара куќа во Строгиот центар во Стуга, опасност за минувачите. Граѓаните велат дека се плашат да се движат по тој дел од шеталиштето, зато што често се случува да паднат парчиња стар малтер или греди. Уште поголема опасност е и голем дел од оградата од терасата која секој момент може да попушти и да падне. На фотографиите кои ги направивме утрово јасно се гледа дека е разнишана и целата статика на објектот, па се наметнува прашањето зошто не се превземе ништо и да се спречи голема катастрофа.

Неофицијално дознаваме дека куќата се води на приватни сопственици, поради што истиот пропаѓа.

Инаку објектот е струшкото цнтрално подрачје, куќата е градена во автентична стара струшка архитектура, па според тоа и доколку се реновира, или гради нова, истата би требало да биде според истиот изглед, поточно би можело сопствениците да побараат од завод и музеј Охрид, министерство за култура да ја реставрира објектот.

Се додека објектот не е запишан во катастар како сопственост, институциите се немоќни да помогнат.

Ова е центарот на Струга, па од тука се наметнува прашањето зошто делот не е заштитен и обезбеден за минувачите?