Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е доказ како од од голтарска се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција

0
326

ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција. Признанијата пред македонските судови на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и пресудите како онаа за Титаник се само уште една потврда на тоа што јавноста многу добро го знае, истакна Дарко Каевски портпарол на СДСМ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.

Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела.

Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ.

Христијан Мицкоски е исто така класичен пример за тоа. Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси.

Како ВМРО-ДПМНЕ го стекна овој имот, како се финансирала партијата за време на нивниот 11 годишен режим, покажуваат бројни судски пресуди против некогашни функционери на партијата, како и бројните предмети кои се уште се пред судовите во државата.

Затоа немаше пари за граѓаните, за поголеми плати, граѓаните паметет колку тешко живееа додека ВМРО-ДПМНЕ се богатеше.

ВМРО-ДПМНЕ освен што е симбол за криминал и расипништво, е партија симбол на енормно богатење на поединци преку ноќ.