Макрон повторно разговараше со Путин за прекин на огнот во Украина

Француската влада синоќа потврди дека претседателот на таа земја Емануел Макрон телефонски разговарал со рускиот колега Владимир Путин, соопшти Елисејската палата.

Се наведува дека разговорот е само продолжение на претходните дијалози кои Макрон ги водел со Путин во врска со прекинот на огнот и актуелните безбедносни проблеми.

„Во моментов нема договор, но претседателот Макрон останува убеден дека треба да продолжи со своите напори. Нема друг начин освен прекин на огнот и руската страна да покаже добра волја во разговорите со Украина“, се додава во соопштението.

Претходно Кремљ објави дека Путин разговарал со Макрон и дека разговорот бил на иницијатива на Франција.

 

МИА